Скопјани го добија ракометното дерби

Металург со 10-ка го „почести“ Пелистер

Тимот од Автокоманда се радуваше на триумф од 34:24

објавено: 28 април 2018 - 19:29

Дуелот кој требаше да биде дерби во ракометното првенство на Македонија се претвори во убедлива победа на Металург против Пелистер. Домаќините, во својата сала во Автокоманда победија со високи 34:24. 

Почетокот на мечот воопшто не покажуваше дека ова ќе биде убедлива победа на домаќините. Гостите од Битола одлично започнаа, па во поголем дел од првото полувреме имаа и предност. Највисокото водство на Пелистер беше 12:8 во 17 минута. 

Домашните играчи потоа заиграа многу подобро и на полувреме се замина со нерешени 16:16. Во второто полувреме беше неизвесно се до 22:22, а потоа гостите како да застанаа. Металург со серија од 12:2 на крајот стигна до најубедливата предност и победа од 10 гола разлика. 

Најново во Ракомет