Останува во истиот клуб

Миркуловски ја продолжува одисејата во Вецлар за уште една година

Филип Миркуловски го продолжи договорот со ракометниот Бундеслигаш Вецлар и ќе игра за клубот и во идната сезона

објавено: 10 февруари 2017 - 11:57

Филип Миркуловски го продолжи договорот со ракометниот Бундеслигаш Вецлар и ќе игра за клубот и во идната сезона. Популарниот Жути пред две години пристигна во Вецлар, а актуелниот договор со сегашниот клуб му истекуваше во јуни годинава. Германците му понудија продолжување за уште една сезона, а
Миркуловски, иако имаше понуди од други клубови, одлучи да остане во Вецлар уште една сезона.

Македонскиот репрезентативец има играно за Металург, Младост Богданци, Хановер и сега за Вецлар.

Најново во Ракомет