ПРВИ ПРОБЛЕМИ ЗА НАШАТА СЕЛЕКЦИЈА

Миркуловски се повреди, неизвесен за дуелот со Црна Гора

По дуелот против Словенија, средниот бек се пожали на болки во коленото

објавено: 14 јануари 2018 - 15:34

Од Загреб, Марија Ковачева

ФОТО: Петр Стојановски

По првиот меч и првата победа на Македонија, на Европското првенство во Хрватска, стигнаа и првите проблеми. Филип Миркуловски се жали на болки во коленото. Средниот бек се повреди на дуелот против Словенија. Уште за време на мечот, Миркуловски ставаше облоги на коленото.

Денеска тој е на интензивни терапии, а се очекува селекторот Раул Гонзалез да го одмори и да не го пушти на теренот за мечот против Црна Гора. Ако биде се како што треба, големиот борец Миркуловски би требало да биде во составот против европскиот првак Германија, на дуелот кој ќе се игра в среда. 

Најново во Ракомет