медитерански игри

На ракометарките им избега бронзата во Тарагона

Во дуелот за третото место Македонија беше поразена од Словенија

објавено: 30 јуни 2018 - 19:06

Женската медитерантска репрезентација на Македонија остана без медал на Игрите во Тарагона. Во дуелот за третото место нашите девојки, во драматичен меч беа поразени од Словенија со 30:29. 

Словенија по првото полувреме имаше предност само од два гола (18:16), што значеше дека ќе следат возбудливи втори 30 минути. Македонија одлично парираше во поголемиот дел беше во егал позиција, а и во последните 10 минути се влезе со нерешени (24:24).

Сепак, во завршницата Словенките имаа повеќе сила и концентрација и на нешто повеќе од една минута имаа предност од 30:27. Сепак Македонија не се предаде и стигна до 30:29, но ракометарките немаа сила да се изборат за реми и продолженија, па на тој начин им избега бронзениот медал на Медитеранските игри во Тарагона. 

Сара Ристовска со седум гола од 11 обиди беше најефикасна во нашиот тим, додека Душица Ѓоргиевска даде шест погодови од девет удари. Во листата на стрелците во нашиот тим стрелци беа и Боризовска (1 гол), Нолевска (1), Керамичиева (3), Гакидова (3), Саздовска (5), Гичевска (3 гола). 

Најново во Ракомет