Капитенот на македонската репрезентација уште не е подготвен

Нант без Кире Лазаров против Вардар

Францускиот тим вечерва игра против Саран во домашното првенство, а бекот нема да биде во составот

објавено: 21 февруари 2018 - 12:30

Речиси сигурно е дека Кирил Лазаров нема да биде во составот на Нант за дерби дуелот против Вардар, во претпоследното коло од Лигата на шампионите. Капитенот на македонската репрезентација и член на францускиот тим, уште нема закрепнато по повредата кога ја здоби на Европското првенство во Хрватска и малку е веројатно дека ќе биде на теренот в недела. 

Нант вечерва игра против Саран во француското првенство, а Лазаров не е во составот. Следниот меч на Нант ќе биде тој против Вардар, в недела во дуелот кој може да биде решавачки за првото место во групата А од ЛШ. Левиот бек во Хрватска заработи повреда на бутниот мускул. 

Нашиот првак е лидер во групата со 20 бодови од 12 меча, додека Нант има 17 бодови и е на втората позиција. Со евентуална победа на „црвено-црните“, Вардар и дефинитивно ќе го обезбеди првото место во групата што ќе значи и директен пласман во четвртфиналето од елитната лига. Македонскиот првак е и актуелен европски владетел. 

 

Најново во Ракомет