Во неделата за репрезентативни обврски

Не е баксузна „13-ка“, на тренинг на РК Вардар остануваат само шестмина

Дури 13 ракометари на македонскиот шампион Вардар ќе бидат отсутни во таканаречената недела за репрезентативен ракомет, а тие ќе играат за 7 различни селекции. На тренинзите во Скопје ќе останат само шестмина играчи

објавено: 1 ноември 2016 - 12:50

Дури 13 ракометари на македонскиот шампион Вардар ќе бидат отсутни во таканаречената недела за репрезентативен ракомет, а тие ќе играат за 7 различни селекции. На тренинзите во Скопје ќе останат само шестмина играчи предводени од Штербик, а со него се и Чупиќ, Карачиќ, Македа, Недановски и Ангелов.

За Македонија, против Украина утре и со Чешка на 5. ноември ќе играат Стојанче Стоилов и Мартин Поповски. Дибиров, Деревен и Шишкарев се во составот на Русија, Милиќ, Абутовиќ и Марсениќ ќе играат за Србија, а Дујшебаев и Канељас се повикани од шпанскиот селектор. Борозан е еден од адутите на Црна Гора, а Циндриќ на Хрватска, додека преку океанот ќе патува Рожерио, кој ќе игра за Бразил. 

Најново во Ракомет