ФЕНОМЕНАЛЕН ДЕЈАН МАНАСКОВ ВО ВТОРИОТ ДЕЛ

Не летаме во облаци, само мирно, сталожено да одиме кон целта!

Дејан Манасков имаше две различни изданија во дуелот со Словенија. Во првиот дел тешко го пробиваше словенечкиот голман, Но затоа, се чини, се му наплати во вторите 30.минути од премиерниот меч на европскиот шампионат во Загреб.

објавено: 13 јануари 2018 - 21:40

Специјално од Загреб, Марија Ковачева

Дејан Манасков имаше две различни изданија во дуелот со Словенија. Во првиот дел тешко го пробиваше словенечкиот голман, Но затоа, се чини, се му наплати во вторите 30.минути од премиерниот меч на европскиот шампионат во Загреб.

Нашето лево крило беше незапирливо за словенечката одбрана. Но по големиот триумф делуваше доста мирно.

„Да, можеби изгледа дека не отворивме ние толку лошо колку што нивниот голманот одбрани неколку топки во ситуации 'еден на еден',и кога Словенците успеаја да направат предност од неколку гола. За среќа се вративме навреме. Секогаше е тешко да се игра на овие први натпревари, посебно кога играте против бронзената репрезентација на Светското првенство. А и знаеме дека имаме лоша традиција против нив. Така да знаевме што не чека. А мислам дека дека одигравме феноменален натпревар и дека заслужено победивме. Добро е на еден ваков голем турнир да се стартува со победа. Среќни сме поради тоа, но не летаме во облаци. Спремни сме за она што е наредно, имаме ден да се одмориме“.

Манасков беше прашан и за судискито критеирум на овој дуел со третат светска велесила во ракометот?

„Имаше исклучувања и на двете страни сметам дека судиите се одлучија на таков критериум, и тоа е тоа".

Манасков не сака да си ги припишува заслугите само за себа, без оглед на тоа дека беше нашиот најефикасен играч.

"Не сакам да кажам дека сум клучен за оваа победа затоа што секој играч што влезе во игра е заслужен за ова наша голема

ожат многу подобро. Ќе се подготвиме, знаеме што ни значат тие два бода... Реков, не треба да летаме, мирно, сталожено, чекор по чекор кон целта"- смета Манасков.

Најново во Ракомет