РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ ВО БИТОЛСКИОТ КЛУБ

Никола Маркоски потпиша за Еурофарм Работник

Македонскиот репрезентативец Никола Марковски од денеска е нов член на РК Еурофарм Работник.

објавено: 21 јуни 2018 - 10:25

Кружниот напаѓач се договори со управата на битолскиот клуб и ќе ја засили екипата која ќе ја репрезентира нашата земја во Европа.

Маркоски е искусен ракометар, кој го носеше уште дресот на Вардар, Металург, Зомимак и Работнички, а во Романија минатата сезона настапуваше за унгарскиот клуб на Орошази.

Договорот на 28-годишниот пивот со Еурофарм Работник е со важност до јуни следната година.

Најново во Ракомет