ХРВАТСКАТА РАКОМЕТАРКА СЕ ПРЕДОМИСЛИ

Пенезиќ си оди од Вардар, но не оди во пензија

„Точно е дека мислев да ја прекинам кариерата, но во мене има уште ракомет“, вели ракометарката на македонскиот првак

објавено: 21 февруари 2018 - 12:05

Андреа Пенезиќ и дефинитивно ќе продолжи да игра ракомет на врвно ниво и следната сезона. Хрватката која има 32 години имаше дилема дали да продолжи активно со спортот или да се повлече по завршување на сезоната. 

Освен што е сигурно дека уште ќе ја гледаме на теренот, јасно е и тоа дека нема да биде во дресот на Вардар, каде сега игра. 

„Точно е дека мислев да ја прекинам кариерата, но во мене има уште ракомет и затоа решив да играм барем уште една сезона. Во моментов сум во преговори со неколку клубови и засега немам ништо одлучено. верувам дека набрзо ќе се знае и името на новиот клуб“, рече Пенезиќ, која не сакаше да открие со кои клубови преговара.

Вардарки сезонава играат одлично и се едни од главните фаворитки за европската круна, но јасно е дека следната сезона тимот воопшто нема да биде ист на овој сега. Лекиќ, Цвијиќ и Радичевиќ веќе беа промовирани како нови засилувања на Букурешт за следната сезона, Лејно ќе брани во Ѓер, а си оди и Лакрабер која го одбра тимот на Флери. 

 

Најново во Ракомет