Селекторот Витали Андронов го објави конечниот список

Подобро не можеше: Украина без ударната четворка во Скопје

Првиот противник на македонската ракометна репрезентација во квалификации за пласман на ЕП 2018 во Скопје ќе допатува ослабен, без најдобрите играчи. На конечниот список не се најдоа Сергеј Стецура, Валентин Кошовој, Сергеј Бурка и Сергеј Онифриенко.

објавено: 25 октомври 2016 - 10:40

Македонската репрезентација ги има сите предуслови со победа ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска 2018 година. Првиот противник на избраниците на Лино Червар, селекцијата на Украина во Скопје ќе допатува во значително ослабен состав.

На конечниот список на предводникот на Украинците, Витали Андронов, ја нема ударната четворка Сергеј Стецура, Валентин Кошовој, Сергеј Бурка и Сергеј Онифриенко, која минатата година најави дека ќе се повлече од настапите од националниот тим.

Од 18. играчи најголемата опасност би требало да дојде од Дорошчук, Козакевич и Јужбабенко, кои играат одлична сезона.

Дуелот со Украина се игра во 2. ноември во Арената „Борис Трајковски“ со почеток од 18:30 часот. Во нашата квалификациска група се наоѓаат уште селекциите на Исланд и Чешка.

 

 

 

Најново во Ракомет