КАКО ШТО НАЈАВУВАШЕ „СПОРТМЕДИА“

Потврдено: Милосављев е нов голман на Вардар

Дефинитивно на голот на Вардар покрај Страхиња Милиќ и Даниел Ѓорѓески, ќе застане и долго најавуваниот Србин со македонски корени Дејан Милосављев.

објавено: 24 јули 2018 - 10:49

Директно за „Спортмедиа" извршниот директор претходно информираше дека со Милосављев, Џамбо и Ѓорѓески се затвора голманската линија.

Репрезентативниот голман на Србија, (22) од денеска треба да се приклучи на подготовките на Вардар и да биде негов член во наредните три сезони, потврди клупскиот сајт на РК Вардар.

Доаѓа од екипата на Партизан од Белград и важи за еден од најпреспективните голмани.
Со своите 196 см. Милосављев делува импозантно меѓу стативите. Беше дел од репрезентацијата на Србија на ЕП во Хрватска. Иако не доби шанса да брани тренираше со колегите што покажува дека на него сериозно се смета. Тој уште во 2015 година беше повикан во сениорската репрезентација на Србија.

Милосављев потекнува од екипата на Југовиќ од Каќ каде играле многу познати ракометари што потоа направиле светска кариера.

Две сезони настапуваше за Партизан од Белград, а малку време мина и во Катар во тимот на Лехвија како позајмен играч.

Македонскиот шампион од денеска ги почнува подготовките за новата сезона. Една недела ќе се работи во Скопје, потоа се заминува на подготовки во Словенија, а од таму во Германија на турнир. Потоа екипата се враќа во Скопје, па ќе го игра мечот од Супер Купот во Струга и на крајот од август повторно ќе игра на турнир, но во Франција.

Најново во Ракомет