ОДЛИЧНА Е АТМОСФЕРАТА КАЈ РАКОМЕТАРИТЕ

Првото селфи во 2018, да има уште многу победнички фотки од ЕП

Ракометната репрезентација ги одработува последните тренинзи од подготовките за континенталниот собир во Хрватска

објавено: 5 јануари 2018 - 13:30

Одлично расположение и добра атмосфера владее кај македонските ракометари во пресрет на Европското првенство во Хрватска. Нашите репрезентативци се во Србија и денес го очекуваат последниот контролен меч пред настапот на континентлниот собир.

На еден од последните тренинзи, ракометарите го направија препознтливото селфи, прво за оваа 2018 година. Се надевме дека вакви селфи победнички фотографии ќе гледаме уште многу и тоа од претстојното ЕП во Хрватска.

 

Најново во Ракомет