КРИЛОТО НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ СО ПОРАКА ЗА НАВИВАЧИТЕ

Радичевиќ: Дојдете во сала, уште малку ќе биде овој Вардар

Навистина е милина да се гледаат „црвено-црните“ девојки како доминираат на теренот, без разлика кој е противникот. Вечерва тоа беше Будуќност, кој немаше никаква шанса да ги освои бодовите на мечот во Скопје

објавено: 10 февруари 2018 - 17:01

Јованка Радичевиќ тоа што го вети, го исполни. Пред дуелот со Будуќност, ракометарката на Вардар најави дека дека салата „Јане Сандански“ ќе остане неосвојлива тврдина за противниците, а така и беше по средбата со црногорскиот првак.

„Најавив дека во „Јане Сандански“ сезонава од никој нема да загубиме. Максимално се подготвувавме за овој дуел. Во првиот дел доминиравме, а потоа во второто полувреме, малку се опуштивме, но сепак дојдовме до победата. Ова не е нашиот максимум, ќе биде уште подобро. Би сакала да и се заблагодарам на публиката за поддршката и само ќе порачам на наредниот меч да има повеќе гледачи на трибините, бидејќи нема да бидеме уште долго заедно“, рече Радичевиќ по мечот со Будуќност. 

 

Најново во Ракомет