ПОВТОРНО СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ

Радичевиќ: Заминувам, но Македонија ќе остане мојот втор дом

„Се трудевме, се боревме, сакавме, но и покрај тоа не успеавме да бидеме прваци. Сепак, Македонија треба да биде горда“, рече капитенката на Вардар по пристигнувањето од Будимпешта

објавено: 14 мај 2018 - 15:00

Јованка Радичевиќ вети дека повеќе нема да плаче, но сепак не успеа да издржи и да ги задржи солзите, по денешното враќање од Будимпешта. Капитенката на Вардар прва излезе од автобусот, кој се паркираше пред „Јане Сандански“ и со солзи во очите им отпоздрави на најверните навивачи кои ги пречекаа „сребрените девојки“ од фајнл-форот во Унгарија. 

„Им благодариме на сите за поддршката. Се трудевме, се боревме, сакавме, но и покрај тоа не успеавме да бидеме прваци. Сепак, Македонија треба да биде горда и покрај тоа што не го освоивме златото. Јас си заминувам од Македонија, но Македонија ќе остане мојот втор дом“, рече Радичевиќ, совладана од емоциите. 

Најново во Ракомет