„ЛАВОВИТЕ“ ЕКСПРЕСНО ИМ СЕ ВРАТИЈА НА ПОБЕДИТЕ

Рајн Некар го спушти на земја Мешков Брест

Рајн Некар му го нанесе првиот пораз на Мешков Брест во Лигата на шампионите, на домашен терен го совлада со убедливи 33-27. 

објавено: 26 септември 2018 - 20:30

Бајковитиот старт на Мешков Брест во Лигата на шампионите заврши во Манхајм. Рајн Некар го спушти на земја белорускиот тим совладувајќи го со убедливи 33-27 во првиот меч од третото коло во групата А.

Поразот од Келце во минатото коло не остави траги врз играта на бундес-лигашот. По изедначената игра во првите осум минути „лавовите“ полека ја зголемуваа предноста, пред одморот беше плус шест (18-12).

Домашниот тим не застана, по одморот продолжи во исто темпо, во 38. минута за првпат поведе со 24-16, не дозволувајќи му на Мешков Брест да помисли на пресврт.

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески доби шанса и ја искористи, постигна еден гол од исто толку обиди. Сигурдсон со шест погодоци беше прв стрелец кај РНЛ.

Денеска се одиграа уште два меча од групата Д. Динамо Букурешт го совлада Тун со 35-34, додека Висла Плоцк остана непоразена и по третото коло, на домашен терен беше подобра од Кокс со убедливи 34-18. 

 

Најново во Ракомет