СКАНДАЛ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА СРБИЈА

Ракометарите го обвинија селекторот дека бил пијан за време на ЕП

Предводникот Јовица Цветковиќ ги нападна играчите, а они му возвратија

објавено: 22 февруари 2018 - 20:12

Србија го освои 12 место на Европското ракометно првенство во Хрватска, победувајќи само еднаш во шесте меча. Селекторот Јовица Цветковиќ вели дека бил посебно разочаран од некои играчи. 

„Се тоа што беа грешки, неискуство и невоиграност се моја вина. Но никогаш нема да прифатам и да сфатам како не сакаа да го дадат последнито атом од силите за репрезентативниот дрес. Србија падна на тој испит“, рече Цветковиќ по поразот од Франција, минатиот месец. 

Тој обвини дека дел од играчите лудувале и воопшто не ги интересирало првенството, а дел дури и си обезбедиле авионски билети за враќање по првата фаза, односно по само три одиграни средби. По ваквите обвинувањата на селекторот, возвратија играчите. 

„Без никаква причина сме ставени на столбот на срамот и тоа благодарение на селекторот кој кажа невистини. Сега мора и ние да проговориме, бидејќи секој негов збор е лага. Селекторот пушеше во салата каде што трениравме и во соблекувалната пред секој меч. Не ни патуваше со нас на мечевите. Не знаевме ни кога е доручек ни кога е вечера. За една недела во хотелот се направи сметка за алкохол дури од 1.200 евра. Не е ни чудо што секоја вечер веше во алкохолизирана состојба. Врвот беше кога во таква состојба нè предводеше на дуелот против Белорусија, кога пијан го удри претседателот на Сојузот, Драган Шкрбиќ“, стои во реакцијата на неколку репрезентативци на Србија. 

Најново во Ракомет