стартуваа подготовките на битолскиот тим

Ракометарите на Пелистер малку во сала, малку на стадион (Фотогалерија)

„Зелено-белите“ полни со желба и мотив за добар настап во новата сезона ги започнаа тренинзите

објавено: 30 јули 2018 - 19:37

Ракометарите на Пелистер денеска ги започнаа подготовките за новата сезона. Предводени од тренерот Томе Петрески и тренерот на голманите Зоран Атранасовски, докторот Владе, масерот Јован Боглев и асистентот Златко велјановски, битолчани се собраа во сала на првата прозивка. 

Првиот дел од денешниот тренинг беше одработен во салата, а потоа се замина на отворено. Екипата тренираше и на стадионот во Битола. Според планот, за време на подготовките, Пелистер ќе одигра пријателски дуели против Пеќ на 18 август и против Радовиш на 22 идниот месец.

Засега официјално не е потврдено и гостувањето во Грција кај ПАОК. Тој евентуален дуел би се одиграл на 25 август. Тимот на битолчани уште не е комплетиран, а можно е како засилување да биде доведен пикерот Моксен Карамијан од Иран.

Најново во Ракомет