ПОЗНАТИ ФИНАЛИСТИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО ТАРАГОНА

Ракометарките не ја минаа шпанската пречка, остана битката за бронза

Македонската женска ракометна репрезентација денеска на Медитеранските игри во Тарагона го одигра полуфиналниот натпревар против Шпанија.

објавено: 29 јуни 2018 - 21:30

Избраничките на селекторот Симе Симовски загубија од шпанската селекција со 28:24. После првото полувреме каде што воглавно водеше противникот со 4-5 голови разлика беше 17:12.

Во вториот дел имаше нешто поизрамнета борба, но ништо не се промени на резултатски план. На 15. минути до крајот на мечот црвената „фурија" имаше предност од 22:17, до крајот се беше рутински за домаќинот кој постепено ја одржуваше позитивата и на крајот славеше триумф.

Најефикасна во нашите редови беше Сара Ристовска со девет постигнати голови (9/11), следена од Душица Ѓорѓиевска која забележа четири (4/8).

Во борбата за бронзениот медал в сабота од 17:30 часот нашите ракометарки ќе играат против Словенија која во првото полуфинале на ракометниот турнир загуби од Црна Гора со 26:23, иако водеше минимално на паузата со 13:12.

Најново во Ракомет