НА ПРВИОТ МЕЧ ОД „ТРОФЕЈ КАРПАТИ“

Ракометарките убедливо поразени од Бразил

По солидното прво полувреме, следеше пад во играта во вторите 30 минути, па „кариоките“ на крајот победија убедливо со 32:19

објавено: 24 ноември 2017 - 17:33

Женската ракометна репрезентација со пораз стартуваше на турнирот „Трофеј Карпати“, откако попладнево загуби во дуелот против Бразил со 32:19. Селекторот Симе Симовски на овој турнир не можеше да смета на три ракометарки. 

Вардарката Мирјета Бајрамовска веќе подолго време се мачи со повреда на скочниот зглоб, додека Душица Георгиевска и Маја Трпковска, ракометарки кои настапуваат со турското првенство имаат клупски обврски со оглед на тоа дека Турција не настапува на СП, па од таму и нема да биде активна во ЕХФ неделата.

Нашите девојки успеаа само во првото полувреме да бидат рамноправен противник, но Бразилките сепак успеаа на полувреме да заминат со предност од 16:13. Во вториот дел се случи голем пад во играта на „црвено-жолтите“ девојки, па за 30 минути игра, постигнаа само 6 погодоци. 

Со вакво лошо второ полувреме, неизбежен беше убхедливиот пораз. Следен меч за македонската репрезентација е тој против Романија, а се игра утре со почеток од 15 часот. До крајот на турнирот, Македонија, в недела ќе игра и против Полска од 13 часот.  

Најново во Ракомет