ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА ИМАМ САМО ПОРАЗИ, НО...

Раул бара „магија“ за Германија, како што тоа го направи со Вардар против Барса

Кога е во прашање шпанскиот стратег, веруваме дека се е возможно

објавено: 17 јануари 2018 - 09:40

Македонија и Германија досега четири пати играле меѓусебе на големите натпреварувања, а по завршувањето на средбите, епилогот секогаш бил ист - „панцерите“ се радуваа на победа. Три меча беа на светски првенства, а еднаш играа на континентално натпреварување. 

Првиот меч беше на Мундијалот во 1999 година, кога Германија убедливо славеше со 36:25. Десет години подоцна на СП 2009 во Хрватска, повторно двоцифрена победа на Германија (33:23). На планетарните собири, фаворитот победи и во 2013 со 28:23. Најблиску до избегнување на поразот бевме во 2012 година во Србија, кога Германија само за еден гол беше подобра (24:23). 

Ако се гледа традицијата, значи Германија треба лесно да победи. Сепак, сега е нешто поразлично. Македонија на клупата го има Раул Гонзалез. Шпанскиот виртуоз е тој кој покажа дека за сите може да го најде „лекот“.

Тоа се докажа и на клупско ниво. Пред неколку месеци, Раул со Вардар успеа да ја победи Барселона, иако до тој мечот на фајнл-форот во Келн, каталонскиот гигант имаше 10 победи и едно реми против Вардар. Раул со Вардар успеа да ја победи Барселона кога беше најпотребно, а со тоа и да сруши една долга негативна традиција.

Сега на ред е Раул да се обиде да најде противигра и за актуелниот европски првак Германија и да проба Македонија да стигне до првата радост против еден од главните фаворити за златниот медал на турнирот во Хрватска. 

Најново во Ракомет