ТРЕНЕРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ПРВАК СО ИНТЕРЕСЕН ПОТЕГ

Раул ги распушти играчите на Вардар

По рекордното затворање на регуларниот дел од Регионалната лига, вардаровите ракометари добија заслужен одмор

објавено: 14 март 2018 - 16:22

По рекордното затворање на регуларниот дел од Регионалната лига, вардаровите ракометари добија заслужен одмор. Раул Гонзалез ги распушти своите играчи, кои дури в понеделник треба да се јават на нов собир.

Вардарци ќе тренираат до крајот на месецов, за потоа дел од нив одново да заминат со репрезентациите во неделата на ЕХФ (2-8 април), а потоа ќе имаат неколку дена за финална глазура пред Ф4 турнирот во СЕХА, од 13 до 15 април во „Јане Сандански".

Завршниот турнир во Регионалната лига ќе биде, пак, увертира за четвртфиналето од Лигата на шампионите (кое се игра во последните два викенди од април), а каде Вардар го чека победникот од осминафиналниот двомеч меѓу Кил и Пик Сегед.

Најново во Ракомет