СЕЛЕКТОРОТ ГО ОБЈАВИ ПОШИРОКИОТ СПИСОК

Раул објави на кои играчи ќе смета за баражот со Романија

Двете средби од баражот за СП против Романија ќе ги одиграат на 10 и 13 јуни 2018

објавено: 28 мај 2018 - 11:52

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за двете бараж средби за пласман на Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија.

Во поширокиот список на ракометари се најдоа:

Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Јане Цветковски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Талески, Филип Кузмановски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Ласко Андоновски, Томислав Јагуриновски
Крила: Дејан Манасков, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Димитар Димитриоски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Костадин Петров

Двете средби од баражот за СП против Романија ќе ги одиграат на 10 и 13 јуни 2018. Првата средба на 10 јуни се игра во СЦ „Борис Трајковски", додека реваншот на 13 јуни ќе се одигра во градот Клуж.

Најново во Ракомет