Вардаровото крило не се најде на списокот

Бабиќ смета на вардарците Карачиќ и Циндриќ, но, не и на Чупиќ

Крилото кое што летово дојде во нашиот шампион изненадувачки не се најде на списокот на хрватскиот селектор за претстојното Светско првенство. „Староседелците" Карачиќ и Циндриќ пак, очекувано влегоа во овој избор

објавено: 13 декември 2016 - 15:44

Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Жељко Бабиќ го објави поширокиот список од 28 играчи на кои ќе смета на претстојното Светско првенство во Франција. Изненадувачки на него немаше место за вардаровото крило Иван Чупиќ. Игор Карачиќ пак, и Лука Циндриќ очекувано се најдоа во овој избор.
Чупиќ летово во Вардар дојде од Европскиот првак Келце и беше дел од олимпискиот состав на Хрватска во Рио де Жанеиро. Првиот прозив на оваа селекција ќе биде по католичкиот Божиќ а на истиот најавено е присуство на 16 ракометари.

Хрватска на Светското првенство се наоѓа во групата Ц заедно со Германија, Белорусија, Чиле, Саудиска Арабија и Унгарија.

Најново во Ракомет