Тренерска промена во битолскиот тим

Бошковски нов тренер на Работник

Тимот кој има високи амбиции го доведе повремениот стратег на Вардар кој оваа сезона ја започна водејќи ја романската екипа Роман

објавено: 19 декември 2016 - 15:38

Андон Бошковски е назначен за нов тренер на Еурофарм Работник. Битолскиот тим кој има високи амбиции го доведе тренерот кој во првиот дел од сезоната работеше во женскиот тим Роман од Романија.

Досегашните предводници на Работник, Иван Марковски и Александар Зарков ќе продолжат со својата работа но во младинските категории.

Во досегашната тренерска кариера, Бошковски ги предводеше двата најдобри македонски клубови Вардар и Металург.

Најново во Ракомет