НОВ И НЕПЛАНИРАН ПОРАЗ НА СП

Јапонски шок за Радичевиќ и Црна Гора

По Русија, репрезентацијата на Црна Гора запиша нов пораз на Мундијалот. Сосема неочекувано вардарката Јованка Радичевиќ и нејзиниот тим беа совладани од Јапонија со 29-18. 

објавено: 5 декември 2017 - 14:28

Сензација на Мундијалот. Аутсајдерот Јапонија ја совлада Црна Гора со 29-28 во рамките на третото коло на Светското првенство, кое се одржува во Германија. Поразот е уште пошокантен ако се земе во предвид дека Црногорките имаа позитива од четири гола, а на полувремето заминаа со 15-12.

Во финишот на мечот се играше гол за гол, а Јокушима погоди за 28:29 и голема радост во редовите на јапонската селекција.

Јованка Радичевиќ повторно беше најефикасна во редовите на Црна Гора, овој пат постигна седум гола. 

Со овој пораз, Црногорките паднаа на петото место со скор од една победа и два порази, додека Јапонија која има еден триумф, реми и пораз се најде на третото место, но дали ќе остане таму ќе биде познато по комплетирање на третото коло во групата Ц. 

Најново во Ракомет