Вардаровиот играч проговоре за кризата во ракометот

Кањељас: Голем број од клубовите плаќаат на „црно“

„Парите во шпанските ракометни клубови доаѓаат од компании кои што се потпомогнати од градските власти, па затоа и голем број од клубовите ги плаќаат на 'црно' ракометарите" изјави Кањељас

објавено: 9 јануари 2017 - 12:06

Шпанската ракометна репрезентација полека се фокусира на активностите на Светското првенство во Франција. Меѓу нив ќе биде и вардаровото вардаровиот двоец Алекс Душебаев и Жоан Кањељас.

Летната аквизиција на нашиот шампион од Кил, Кањељас имаше интересно интервју за „Ел Еспањол" каде што ја објаснува ракометната криза во Шпанија, но и во Европа.

„Многу од клубовите ги плаќаат ракометарите на 'црно'. Во Шпанија конкретно, компаниите кои што вложуваат во овој спорт се поврзани со градските власти кои ги стимулираат да инвестираат во ракометот. Но, како што кажав голем број на клубови ги плаќаат ракометарите на нелегален начин, што е и практика и во Европа.
Кога ќе размислиш, тоа е затоа што работите не функционираат толку добро. Како додаток на сето ова се платите клои што во структурите на тимот се мали. Затоа, квалитетниот кадар си заминува и се фокусира на другите спортови. Спортската криза во Шпанија која што ги зафати малите спортови се рефлектираше низ целиот свет. Сите, освен фудбалот, ја почувствуваа таа криза" изјави Кањељас.

Најново во Ракомет