Промени во последен миг

Карачиќ отпадна, Циндриќ ќе игра за Хрватска

Селекторот Бабиќ се одлучи на промени во последен миг. Така, на последниот список немаше место за Карачиќ, додека во селекцијата остана Лука Циндриќ

објавено: 10 јануари 2017 - 21:27

Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ отпадна во последен миг од списокот на селекторот на хрватската ракометна репрезентација за претстојното Светско првенство.

Карачиќ за кого немаше место во списокот кај Жељко Бабиќ беше „пречкртан" на само еден ден пред почетокот на Мундијалот. За разлика од него, пак, Лука Циндриќ меѓу „избраните“. Вториот хрватски „вардарец" ќе игра на претстојното СП.

На овој „попис", покрај Карачиќ ги нема ниту Марино Мариќ, Марко Копљар и Иван Чупиќ, кој летово се приклучи на нашиот шампион.

Најново во Ракомет