Скандал во црногорската репрезентација

Липовина и Вујовиќ го нападнале селекторот Обрадовиќ

Инцидентот се случил поради тоа што овие двајца ракометари не се најдоа на списокот за претстојните Евро-квалификации и тргнале да му се закануваат на селекторот на Црна Гора

објавено: 3 ноември 2016 - 14:50

Голем скандал во репрезентацијата на Црна Гора. Имено, по објавувањето на списокот за претстојните Европски квалификации, селекторот Љубомир Обрадовиќ доби закани од Вукан Липовина и Стефан Вујовиќ, кои не се најдоа на овој список. По ваквата агресивна реакција, Обрадовиќ експресно си поднесе оставка.

„Ракометниот сојуз на Црна Гора е шокиран од постапката на поранешниот репрезентативец Стеван Вујовиќ, кој заедно со Вукан Липовина и трета непозната особа, на вандалски начин го прекинаа тренингот на репрезентацијата. Сето тоа што се случуваше таму ќе биде разгледано од надлежните државни органи. Со жалење констатираме и разбираме дека по инцидентот, селекторот Љубомир Обрадовиќ поднесе оставка. Нема да дозволиме никој од играчите да го смени селекторот а исто така ниту улицата да го одредува предводникот на репрезентацијата" стои во соопштението на Ракометната Федерација на Црна Гора.

 

Најново во Ракомет