Нова специјална подлога за струшкото ракометно игралиште

„Моцарт" за уште подобар струшки турнир!

Во пресрет на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018" Спортските обложувалници „Моцарт" го реновираа теренот на игралиштето каде се одржува турнирот.

објавено: 15 август 2018 - 16:00

Вечерва во Струга на ракометното игралиште на „Женска плажа" започнува 46 Меѓународен ракометен турнир „Струга 2018".

На свеченото отворање на турнирот, закажано за 18:20часо, ќе биде промовирана и новата подлога за игралиштето на чие поставување интензивно се работеше во пресрет на турнирот. Специјалната спортска подлога за игралишта на отворено е донација од Спортските обложувалници „Моцарт".


Компанијата „Моцарт" започна голем проект, за обнова на ова култно зборно место за сите спортисти и спортски работници од Струга. Постарите ракометари и спортски работници од РК Струга се сеќаваат на времето кога се играло на асфалт, цемент, теписон па оттука и задоволството на струшките легенди Бушески, Дуроски, Калајџиески, Јовановски кои внимателно го следеа уредувањето на новиот терен за претстојниот турнир и помагаа со совети околу организацијата.


За вечерва се закажани и првите два натпревари од турнирот, кој годинава се враќа во полн сјај како во најдобрите времиња, а до 19 август на новата подлога ќе заиграат врвните клубови од европскиот ракомет како Целје, Тулуз, Бешикташ, Железничар, Констанца, Алингсас, Еурофарм и домаќинот Струга. Во сабота во рамки на турнирот се игра македонскиот Супер Куп меѓу Вардар и Металург.

Дневните билети за натпреварите се продаваат по цена од 50 денари, а сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за Центарот за дијализа во Струга. Вклучувајќи се во хуманата акција компанијата „Моцарт" откупи дел од картите кои играчите можат бесплатно да ги подигнат при уплата на тикет на уплатните места во Струга.

Најново во Ракомет