Големо признание за Македонците

Начевски и Николов се најдобри судии во светот

Македонската судиска двојка беше прогласена за најдобра во изборот на Интернационалната Ракометна Федерација

објавено: 15 декември 2016 - 14:27

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се најдобри ракометни судии во светот. Во изборот организиран од ИХФ, Македонците се најдоа на првото место завршувајќи пред данските судии Гјединг и Хансен.

Како што е познато нашите делители на правдата беа дел од ракометниот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а сосема очекувано добија повик да ја делат правдата и на претстојното Светско првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Франција.

Најново во Ракомет