КАКО ЌЕ БИДЕ КОНЦЕПТОТ НА НОВАТА СВЕТСКА ЛИГА

Нема играње профи ракомет во „селски“ сали

Новата светска Премиер Ракометна Лига (ПХЛ) не се планира пред сезоната 2018/2019, а главниот концепт на функционирање ќе биде да се понуди забава, но истовремено играње само во големи сали и градови, а не како сега на места со мал број население. Најверојатно ќе има само 12 екипи во почетните сезони, а планирани се екипи од Балкан, Источна Европа, Скандинавија..

објавено: 8 февруари 2016 - 22:44

За формирањето на светска ракометна лига која би ги вклучила најдобрите екипи од Европа, но и некои надвор од стариот континент многу повеќе се зборуваше во јануари за време на ЕП во Полска. Таа би требало да биде управувана од приватна компанија со концепт сличен на НБА. Еден од основачите на оваа компанија е поранешен менаџер и сега советник во Швајцарија, Волфган Гецшоу кој е дел од административниот дел на ПХЛ кој е основана во Цирих, Швајцарија. Тој во интервју за германскиот бизнис весник Ханделблат открива некои од деталите за лигата, концептот, начинот на функционирање, иако се уште е далеку од почеток. Во тимот што ќе работи во таа лига се наоѓа и Петер Варго, кој досега беше дел од маркетинг тимот на ЕХФ одговорен за Лигата на шампионите. Тоа значи дека сериозно е сфатен предизвикот наречен ПХЛ.

Иако се уште нема тендер на кој заинтересираните клубови би се јавиле, ниту пак условите кои треба еден клуб да ги исполнува за да се натпреварува интересот е голем.

„Данскиот претприемач Јеспер Нилсен веднаш ме информираше дека ќе направи нов тим наречен АГ Неверојатен Копенхаген, и тоа специјално за ПХЛ. Има интересн дури и од страна на Хамбург да се направи тим таму, изјави Гецшоу.

Во однос на системот според кој би се играл и бројот на екипи, Гецшоу вели дека почетната бројка би била 12 тима.
„Доколку има екипи што ги задоволуваат критериумите нема да им се попречи играњето. Првенствено треба да се осигураме дека календарот на ПХЛ ќе биде во согласност со меѓународниот. ЕП, СП и Олипијадите и домашните првенства не треба да бидат загрозени. Клубовите ќе треба да играат и во домашните првенства, вели Гецшоу.

Лигата би се играла во периодот од февруари до декември, зашто нема смисла се да се случува во мај, кога се играат завршниците на првенствата. ПХЛ ќе го донесе ракометот во метрополите и ќе понуди настан, близок до она што сега го има во Келн на завршницата на Ф4 турнирот. Бидејќи ПХЛ треба да биде премиум настан, така би требало и да биде органзиран.

„Не може во ваков премиум производ да носите име на провинцијален град. Иако ЕХФ лигата на шампионите е добро органзирана, се случува Флензбург да игра пред 300 гледачи во Истанбул, некои клубови делат билети за да ја наполнат салата. Од економска гледна точка споредбено со другите настапи кои се Лига на шампиони, ова е економски пропаст, вели Гецшоу.

Ќе има барање и за подобрување на пропозициите, да им се остави малку простор на судиите за лоша интерпретација на правилата. Ќе има користење и на технологија, како видео снимки, и ќе има поголема транспарентност со публиката. Ќе се бара начин за подобро презентирање на правилот за пенал и казни. Се размислува и за воведување на златен гол, за да има победник на натпреварот.
Во однос на користењето на судите со знакот на ЕХФ, засега се размислува за изнаоѓање на 40 двојки кои би биле дел од оваа лига. Нема ограничување на број на екипи од некоја земја, без разлика од каде се тие.
Гецшоу најавува дека би имало и тимови од Балкан, исто како и од Источна Европа, Русија, Скандинавија, и секаде каде има заинтересирани кои можат да понудат премиум квалитет.

Најново во Ракомет