Не успеаа да најдат заеднички јазик

НЕМА НОВ ДОГОВОР: Жвижеј е „ослободен“ од Целје

Капитенот на Словенечкиот шампион не успеа да се договори со раководството околу новиот договор и по крајот на оваа натпреварувачка година ќе си замине како слободен агент

објавено: 18 мај 2017 - 10:00

Словенечкиот шампион Целје од наредната сезона нема да може да смета на услугите на Лука Жвижеј. Капитенот на најдобриот ракометен колектив од оваа држава не успеа да пронајде заеднички јазик со раководството и да го продолжат договорот.

„Во неколку наврати му понудивме договор на Жвижеј, но, на крајот двете страни не успеаја да се договорат. Ниту една опција не беше прифатлива. Затоа со голема жал можеме да констатираме дека нашите патишта се раздвојуваат по крајот на оваа сезона" стои во дел од соопштението на Целје.

Искусното лево крило кариерата ја започна токму во овој клуб, а по авантурата во Шпанија и Унгарија, од 2010 повторно го облече дресот на Целје.

Најново во Ракомет