ПОРАНЕШНИОТ ВАРДАРЕЦ ТРИ ГОДИНИ ВО ПОРТУГАЛИЈА

Никола Митревски доби познат соиграч: Стефан Терзиќ е нов играч на Бенфика!

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски доби засилување од Балканот. Станува збор за поранешниот играч на Вардар, десниот бек Стефан Терзиќ.

објавено: 26 февруари 2016 - 14:32

Терзиќ потпишал четиригодишен договор со Бенфика. Тој ќе му биде партнер на Митревски во обидите да ја вратат екипата на пиедесталот во Португалија првпат по сезоната 2007/08.

Дваесет и двегодишниот десен бек од Вардар замина во Ла Риоха, меѓутоа ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и му требаше долго време да заздрави.

Во моментов се игра четвртфиналето во плејофот во Португалија, а Бенфика веќе води со 1-0 против Мадера.

Најново во Ракомет