ОЧЕКУВАН ЕПИЛОГ

Прва европска бронза за Холандија

Репрезентацијата на Холандија очекувано го доби дуелот за третото место против Романија (24-20) на ЕП за жени кое завршува денеска. 

објавено: 16 декември 2018 - 15:27

Очекуван епилог од битката за третото место на Европското првенство во женска конкуренција кое завршува денеска. Холандија ја оправдата фаворитската улога против Романија, славеше со 24-20 (15-8) за прва бронза на континенталните натпреварувања. На другата страна Романките без повредената Кристина Неагу се сосема поинаква репрезентација на теренот.

Холанѓанките доминираа во првото полувреме, благодарение на добрата игра го освоија третото место. По неизвесната игра во воведните минути, го наметнаа своето темпо, во 24. минута поведоа со 12-6, а додека на одморот заминаа со 15-8.

Иако беа целосно надиграни, сепак ракометарките на Романија не дозволија да бидат прегазени, направија серија од 5-0 и дојдоа на 21-18 во 51 минута. На другата страна Холандија по пауза од шест минути конечно го најдоа патот до мрежата на противникот (18-22). 

Романија при три гола негатива не реализираа неколку шанси, голманката на Холандија во клучните моменти забележа важни одбрани. 

Полман со седум гола од 11 обиди беше прв стрелец кај победничкиот тим, зад неа беше Грот со пет погодоци од исто толку обиди. 

Во дуелот за првото место силите ќе ги одмерат Русија и Франција, мечот е закажан со почеток во 17:30 часот.

Најново во Ракомет