ГЕРМАНИЈА ГО ОТКРИ СПИСОКОТ ЗА СП

Прокоп ги потврди зборовите на Дисингер, нема повик за СП

Селекторот на домаќинот на Светското првенство, Кристијан Прокоп го објави список од 21 ракометар. 

објавено: 5 декември 2018 - 20:30

Она што првиот Германец во редовите на Вардар, Кристијан Дисингер го најави, селекторот на една од двете земји домаќини на Светското првенство го потврди. Кристијан Прокоп објави список од 21 ракометар за Мундијалот, а во него очекувано не се најде Дисингер.

Левиот бек неодамна изјави дека не размислува за настап во националниот дрес, а главна причина се честите повреди со кои се соочуваше долго време. Последен пат дресот на Германија го носеше на ЕП 2016 година. 

ГОЛМАНИ: Силвио Хајневетер (Фуксе Берлин), Андреас Волф (Кил)
ЛЕВИ КРИЛА: Матијас Муче (Магдебург), Марсел Шилер (Гепинген)
ЛЕВИ БЕКОВИ: Фабиан Бом (Балинген), Фин Лемке (Мелсунген), Стефан Фет (РНЛ)
СРЕДНИ БЕКОВИ: Мартин Штробел (Балинген), Фабиан Виде (Фуксе Берлин)
ДЕСНИ БЕКОВИ: Стефан Вајнхолд (Кил), Франц Семпер (Лајпциг)
ДЕСНИ КРИЛА: Тобиас Рајхман (Мелсунген), Патрик Гроецки (РНЛ)
ПИКЕРИ: Хендрик Пекелер (РНЛ), Патрик Винчек (Кил), Јаник Колбахер (РНЛ)
РЕЗЕРВИ: Дарио Квеншед (голман, Магдебург), Пол Друкс (среден бек, Фуксе Берлин), Тим Сутон (среден/десен бек, Лемго), Каи Хефнер (десен бек, Хановер), Тим Хорнке (десен бек, Лемго)

Најново во Ракомет