Селекторот на Црна Гора презеде драстични мерки

Радичевиќ не е во плановите на Аџиќ за ЕП

На три седмици до почетокот на ЕП, селекторот на Црна Гора Драган Аџиќ го објави списокот на играчи на кои што ќе смета, а на него немаше место за вардаровото крило, додека Кликовац ќе биде дел од оваа селекција

објавено: 15 ноември 2016 - 15:00

Јованка Радичевиќ нема да биде дел од црногорската репрезентација на Европското првенство во Шведска кое ќе се одржи идниот месец. Вардаровото крило не се најде во списокот на селекторот Драган Аџиќ кој значајно го подмлади составот на континенталниот шампионат.

На истиот, пак, се најде Андреа Кликовац, како и екс ракометарката на нашиот првак Итана Грбиќ. Најстарата репрезентативка во овој тим ќе биде Јасмина Бољевиќ со 27 години.
Црна Гора ќе игра во групата Ц во Малме. Прв нивни ривал ќе биде Данска, а потоа следат средбите и со чешка, односно Унгарија.

Со ваквата одлука на Аџиќ, Црна Гора ќе бидат убедливо најмлада екипа на Европското првенство кое ќе се одржи во периодот од 4. до 18 декември.

Најново во Ракомет