ПОСЛЕДНА ВЕЧЕРА СО ВАРДАРКИ

Самсоненко не останува должен, ги собра ракометарките за збогум

Сопственикот на ЖРК Вардар за последен пат ги собра ракометарките на вечера, и им ги исплати сите заостанати плати

објавено: 17 мај 2018 - 21:20

Сергеј Самсоненко, сопственикот на Вардар вечерва ги собра ракометарките за да им се заблагодари за целиот придонес во изминатите години во женскиот ракометен клуб. Тој ги однесе на вечера во еден ресторан во Скопје, и никому не остана должен, односно ги исплати сите до крај. 

Како што е познато, ЖРК Вардар од идната сезона ќе биде со сосема изменет кадар, односно сите ракометарки веќе си најдоа нови средини, а клубот сигурно нема да ги доживее овие моменти кои ги доживуваше во последните години, кога тимот играше пет пати во фајнл-фор во последните пет години, но не успеа да дојде до титулата. 

Со тоа ЖРК Вардар ќе чека некои подобри времиња за да создаде повторно тим кој ќе биде конкурентен во Европа. Интересно ќе биде да се види како ќе функционира екипата, откако оваа „златна“ генерација заминува во историјата. 

 

Најново во Ракомет