Двапати на гости во Челенџ купот

Се гради во Битола, Пелистер двапати ќе игра во Лисабон со Спортинг?

Спортската сала „Младост“ во Битола се реновира, па Пелистер најверојатно ќе ги игра двата меча со Спортинг во Лисабон во осминафианлето во Челенџ купот

објавено: 11 јануари 2017 - 13:30

Спортската сала „Младост" во Битола се реновира, па Пелистер најверојатно ќе ги игра двата меча со Спортинг во Лисабон во осминафиналето во Челенџ купот. Ова е неофицијална информација, а ако се оствари двата дуели би се играле во два дена на 18. и на 19. февруари.

Од почетокот на оваа недела почна да се реновира „Младост“ па веројатно и најисплатливо решение за некогашниот македонски шампион во ракомет е двата дуели да ги игра во Лисабон. Пелистерци имаат и проблем со тренинзите, а каде ќе се одвиваат зимските поедготовки, во која сала, се уште не се знае. Почетокот е закажан за во понеделник на 16. јануари.

 

Најново во Ракомет