Ништо од трансфер во нашата држава

Стегавик: Само Вардар може да си ги дозволи моите барања

„Тренирав во Македонија, но освен Вардар кој не беше заинтересиран за некаква соработка, останатите клубови од таа држава не можат да издвојат за плата над 3.500 евра" изјави Стегавик за норвешките медиуми

објавено: 25 октомври 2016 - 20:20

Иако постоеа некакви најави за трансфер во некој клуб од Македонија, сепак Стефен Стегавик и понатаму останува слободен агент. Мажот на Камила Херем која летово се пресели во Вардар, тренираше со неколку клубови од нашата држава, но, не успеа да пронајде заеднички јазик. Причината е сосема позната, тоа се финансиите кои освен македонскиот првак, никој друг не може да ги исплати на искусниот норвежанец.

„Тренирав со неколку клубови, но, освен Вардар ниту еден друг клуб од таа држава нема финансии да исплати плата над 3.500 евра месечно" кратко изјави Стегавик за норвешките медиуми.

Норвежанецот од почетокот на сезонава е без ангажман. Последен негов клуб во кариерата беше Ларвик, каде што се задржа во натпреварувачката 2015/16 година.

Најново во Ракомет