MOZZART ГО ДОТЕРА ТЕРЕНОТ ЗА СТРУШКИОТ ТУРНИР

СТРУГА ВО ПОЛН СЈАЈ: Блесна игралиштето на „Женска плажа“ (ФОТО)

Спортските обложувалници MOZZART, кои се покровител на турнирот го ребрендираа теренот и му дадоа комплетно нов изглед на паркетот на отвореното игралиште.

објавено: 12 август 2018 - 16:30

Отвореното игралиште на „Женската плажа" во Струга, на кое од 15 до 19 август ќе се одржи 46. издание на меѓународниот ракометен турнир блесна во нов сјај.

Спортските обложувалници MOZZART, кои се покровител на турнирот го ребрендираа теренот и му дадоа комплетно нов изглед на паркетот на кој во текот на следната недела ќе бидеме сведоци на петдневно ракометно уживање.

Колку за потсетување на турнирот во Струга за првпат ќе настапат осум екипи поделени во две групи. Во групата еден Еурофарм Работник се среќава со Целје, Бешикташ и Тулуз, додека во групата два Струга ги пречекува Железничар, Констанца и Алингсас.

 

Најново во Ракомет