Откако остана без конкуренција

Видерер е нов претседател на ЕХФ

Долгогодишниот генерален секретар, сега ќе седне на претседателското столче на ЕХФ, насједувајќи го Жан Брио

објавено: 17 ноември 2016 - 15:12

Михаел Видерер е назначен за нов претседател на Европската Ракометна Федерација. На конгресот кој што во овие моменти се одржува во Сент Волфганг во Австрија, долгогодишниот генерален секретар ќе биде четвртиот претседател на ЕХФ. Видерер ќе го наследи Жан Брио, кој поради старосната граница (69 години) не му беше дозволено повторно да се кандидира.

„Ви благодарам многу на поддршката. Чест е да се наследат сите овие претходни претседатели и се надевам дека ќе продолжиме по успешниот пат. Имам обврска да работам најдобро како што знами да го водиме овој спорт во успешен правец" изјави Видерер.

Тој ќе биде четвртиот претседател на ЕХФ. и ќе тргне по стапките на Свед Стефан холмквист (1991-2004), Тор Лиан (2004-2012), а ќе дојде на местото на Брио, за кој како што спомнавме не му беше дозволено повторно да се кандидира.

Најново во Ракомет