ТРАДИЦИОНАЛЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР НА ТЕРЕНОТ „ЖЕНСКА ПЛАЖА“

Вујо со Железничар подобар на стартот од домаќинот Струга

Денеска започна Меѓународниот традиционален ракометен турнир „Струга 2018" (46. издание), еден од најстарите на балканските простори.

објавено: 15 август 2018 - 18:47

На денешниот прв ден од турнирот, домаќинот Струга загуби на стартот од Железничар (Србија) со 25:20.

На отвореното игралиште „Женска плажа" се водеше рамноправна борба на самиот почеток од мечот, а при 3:3 клубот од Ниш се одлепи на плус два.

Србите ја одржуваа предноста од плус два, а на 7:5 тимот на Веселин Вујовиќ направи серија од 3:0 за уште поголемо водство на натпреварот.

Бодрени од публиката домашните ракометари ја вратија неизвесноста на мечот, при 14:9 ја стопија негативата на минус два, резултат со кој се замина на пауза.

И двата тима ротираа, српскиот претставник предводен од тренерот Веселин Вујовиќ постепено беше во позитива против македонскиот тим.

Во последните десет минути од мечот, ракометарите на нашиот тим имаа проблеми со организацијата на нападите, па Бабиќ и Бандука со по два гола донесе му донесе на Железничар најголемо водство од +7. Се што успеаја домашните играчи да направат до крајот на мечот, беше само да го намалат резултатот на пет голови заостанување, за конечни 25:20.

Најдобри стрелци кај Струга беа Петровски, Цителишвили и Бајрамоски по четири голови, на спротивната страна Спасиќ забележа пет погодоци, два помалку Јевтиќ.

Во групата 2 се наоѓаат уште Алингсас (Шведска) и Констанца (Романија), а во групата 1 се уште Еурофарм Работник (Македонија), Целје (Словенија), Тулуз (Франција) и Бешикташ (Турција).

ПРВ ДЕН, „СТРУГА 2018" - резултати:

Група 1

Целје Пивоварна Лашко-Еурофарм Работник (23:22)

Група 2

Железничар-Струга 25:20
Алингсас-Констанца 21:21

После мечот Железничар-Струга беше најавено официјалното отворање на турнирот, како и претставување на сите учесници на кои им се обрати претседателот на РК Струга, прославениот македонски ракометар Наумче Мојсовски, кој и официјално го отвори 46. издание на турнирот.

Најново во Ракомет