ЕХФ ГИ ОДБИРА НАЈДОБРИТЕ - ГЛАСАЈТЕ И ВИЕ

Речиси цел тим на Вардар во изборот за ол-стар во ЛШ

Во гласањето за најдобри по позиции, речиси и да нема утка, па има и играч од редовите на актуелниот европски првак

објавено: 20 април 2018 - 14:18

Речиси цел тим на Вардар е во конкуренција да биде меѓу најдобрите во изборот на европската ракометна федерација (ЕХФ). Во гласањето за играчи по позиции, очекувано меѓу голманите го има името на Арпак Штербик, Тимур Дибиров е во конкуренција на најдобро лево крило, а Вуко Борозан е меѓу најдобрите леви бекови. 

Најдобриот играч на Фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата, Лука Циндриќ е меѓу најдобрите централни бекови, а нема вардарец на позициите пикер, десен бек и десно крило. Специјалистот за одбрана Илија Абутовиќ е меѓу најдобрите дефанзивци.

Овој избор за најдобри во Лигата на шампионите не може да помине без Раул Гонзалез кој е во конкуренција за најдобар тренер сезонава. 

Најново во Ракомет