КОЈ ВИСОКО ЛЕТА - НИСКО ПАЃА

Ало Доленец не те слушаме, виде ли која е Македонија!

Можеби не е вистинско време за пресметка, но изјавата на Јуре Доленец по повредата постојано ни одекнува во главата. Ракометарот на Барселона и се закани на Македонија дека ќе ја „смачка" и на ова Европско првенство, зошто Словенците секогаш не победувале.

објавено: 13 јануари 2018 - 22:08

Од Загреб, Марија Ковачева

Можеби не е вистинско време за пресметка, но изјавата на Јуре Доленец по повредата постојано ни одекнува во главата. Ракометарот на Барселона и се закани на Македонија дека ќе ја „смачка" и на ова Европско првенство, оти Словенците секогаш не победувале.

Е оваа теорија на Доленец вечерва падна во вода. Македонија ја совлада Словенија со 25-24 во првиот меч на Европското првенство и дојде до два важни бода кои ни ги отворија портите за пласман во следната фаза.

Најново во Ракомет