МАКСИМАЛНО ЈА ЗАСЛУЖИЈА ПАРИЧНАТА НАГРАДА

АМС ПОТВРДИ: Младинците ќе бидат награди со еден милион денари

Најавите дека по РФМ и Агенцијата за млади и спорт парично ќе ја нагрди младинската репрезентација, денеска се остварија. За освоеното шестто место на Мундијалот во Алжир, ракометарите ќе добијат еден милион денари. 

објавено: 11 септември 2017 - 15:07

Најавата дека Агенцијата за млади и спорт на Македонија ќе ја награди машката младинска репрезентација со еден милион денари за освоеното шестто место на Светското првенство во Алжир летово, беше и официјално потврдена.

АМС преку соопштение информираше дека „го вреднува трудот на младинските категории во спортот и и доделува еден милион денари на Ракометната федерација на Македонија за значајниот успех на нашите ракометари до 21 година, кои на Светското првенство во Алжир го освоија 6-то место.

„Континуираната поддршка на спортистите кои постигнуваат успех ќе продолжи, залагајќи се за неселективен пристап, законска и транспарентна постапка при доделувањето на средствата. Денес го вреднуваме успехот на младите ракометари до 21 година и со тоа сакаме да испратиме јасна порака и да привлечеме што поголем број на млади луѓе да се занимаваат со спорт", изјави првиот човек на АМС Дарко Каевски.

Наградата од АМС, доаѓа веднаш по „подарокот" кој младинците го добија од Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија и претседателот Живко Мукаетов, кои на состанок минатата недела ја наградија машката младинска репрезентација со 10.000 евра, додека селекторот Илија Темелковски беше награден со 1.000 евра.

Најново во Ракомет