Повратникот во репрезентацијата игра одлично

Арнаудовски блесна против Митков и Кремс

Повратникот во репрезентацијата постигна 13 погодоци во победата на својот тим Ферлах над Кремс со 30:28 каде што воедно настапува Влатко Митков кој даде седум голови

објавено: 25 октомври 2016 - 22:03

Изненадувањето во списокот на македонската ракометна репрезентација Ристо Арнаудовски бележи одлични натпревари на клупски план во Австрија. Искусниот лев бек кој по пауза од неколку години доби национален повик, постигна 13 голови во победата на својот тим Ферлах над Кремс од 30:28.

Арнаудовски очекувано беше најдобар поединец на теренот, а квалитетен настап имаше и македонскиот репрезентативец од спротивниот табор. Влатко Митков со своите четири голови беше еден од најдобрите во својот колектив.

Ваквите вести со сигурност можат да го радуваат селекторот Червар, кој е на слатки маки пред новото кратење на списокот пред квалификацискиот натпревар од квалификацискиот меч за ЕП против Украина кој ќе се игра в среда.

Најново во Ракомет