ШПАНСКА МАГИЧНА ХАРМОНИЈА ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Борко признава: Има разлика, Раул не се споредува со Червар

Дефинитивно нема дилеми. Со Раул Гонзалез на „кормилото“, македонската репрезентација делува поинаку на теренот. „Министерот за одбрана“, Борко Ристовски, по вчерашниот дуел не го криеше тоа. Македонија со Шпанецот и одржа час по ракомет на Чешка, додека пак со Лино Червар беше под нивото.   

објавено: 19 јуни 2017 - 09:22

Шпанска магична хармонија во редовите на македонската репрезентација. Вака на кратко може да се опише атмосферата во редовите на нашиот најдобар национален тим. И дефинитивно нема и не треба да има дилеми. Со Раул Гонзалез на „кормилото", „црвено-жолтите“ делуват поинаку на теренот.

„Министерот за одбрана", Борко Ристовски, по вчерашниот дуел не го криеше тоа. Македонија со Шпанецот и одржа час по ракомет на Чешка, додека пак со Лино Червар беше под нивото.

„На клупата имаме човек кој објаснува доста смирено, го разбира ракометот и во секој момент знае што сака со нашата одбрана и репрезентацијата. Не секогаш излегува добро, не значи дека секогаш ќе победуваме со десет гола разлика, но знаеме што сакаме. Како споредба, со Чешка на гостински терен, кој го загубивме се подготвувавме гледајќи видео снимка од дуелот Металург-Монпелје, јас не знам како се подготвува репрезентација за дуел со Чешка со тој натпревар. Разликата е огромна од секој аспект и гледате дека во ниту еден момент немаше нервозни реакции и критики од Раул и стручниот штаб. Имаме поддршка цело време", изјави Борко Ристовски, кој беше феноменален на голот на нашата репрезентација.

 

 

Најново во Ракомет