НЕМА ПОЛИТИКА ВО СПОРТСКАТА ИГРА

Цела Хрватска му аплаудираше на српски спортист (ВИДЕО)

Така се работи тоа, навистина секоја чест за младите ракометари на Србија и хрватска, кои уште еднаш покажаа дека политиката треба да е надвор од спортските борилишта...

објавено: 13 август 2018 - 13:00

Така беше и во Копривница, каде синожа се сретнаа кадетските селекции на Хрватска и на Србија. На крајот победија „коцкестите", со убидливи (27:20), но и двете екипи одат понатаму.

Сепак, на овој меч се случи еден навистина момент за паметење.
Кога се веќе беше резултатски решено, при еден продор кон голот, Фран Милета, репрезентативецот на Хрватска се сопна, и падна долу на теренот. Беше принуден да го заврши предвреме овој натпревар, а во помош му притекна капитенот на селекцијата на Србија, Иван Мициќ, кој моментално, го подигна својот ривал, и го отпрати до клупата за резервни играчи на домашната селекција.
Гест на кој му аплаудираше целата сала во Копривница, веројатно и многу други кои го гледаа мечот на ТВ.
Така се станува голем! 

Најново во Ракомет