ВО ИЗБОРОТ НА ИХФ СЕ НАОЃА И ВАРДАРЕЦОТ ТИМУР ДИБИРОВ

„Цепелинот“ на Лазарови во Топ 5 потези на денот на СП! (ВИДЕО)

Вчера официјално започна настапот на најдобрата македонска репрезентација на Светското првенство со триумфот над Јапонија во првото коло со 38:29.

објавено: 12 јануари 2019 - 16:15

На овој меч видовме и еден прекрасен „цепелин" на релација Кирил и Филип Лазаров, потег кој се најде во изборот на топ 5 најдобри потези на денот на Мундијалот кој го направи Интернационалната ракометна федерација (ИХФ).

Покрај браќата Лазарови, во изборот се наоѓаат уште одличните одбрани на францускиот голман Винсент Жерар, потоа „уметноста" на Вардарецот, рускиот репрезентативец Тимур Дибиров, следува српскиот „проектил" на Драшко Ненадиќ, на првото место е Аргентинецот Пабло Симонет кој имаше мајсторија на дуелот со Унгарците.

Следниот натпревар на Македонија е утре (недела), а противник е репрезентацијата на Бахреин, натпреварот ќе се одигра во 14:00 часот.

Најново во Ракомет