Стартуваше операцијата ЕП 2018

Червар: Нема да биде лесно, мора да бидеме гладни за победа (ФОТО)

На првата прозивка поради клупски обврски не се појавија Борко Ристовски, Кире Лазаров, Дејан Манасков, Ацо Јоноски, Велко Маркоски и Ристо Арнаудовски. 

објавено: 30 октомври 2016 - 18:18

Македонската ракометна репрезентација денеска ја започна „операцијата„ ЕП 2018 во Хрватска. Лино Червар и неговите избраници денеска го одржаа првиот тренинг пред првиот квалификациски дуел со Украина закажан за среда.

На првата прозивка поради клупски обврски не се појавија Борко Ристовски, Кире Лазаров, Дејан Манасков, Ацо Јоноски, Велко Маркоски и Ристо Арнаудовски, кои ќе се приклучат на утрешниот тренинг.

„Секој посакува да настапува на големите репрезентативни натпреварувања. Првата цел ја направивме, отидовме во Франција на СП, сега следува втората цел, а тоа е обезбедување на ЕП. Сепак, нема да биде лесно. Останавме без двајца ракометари кои изминативе години важеа за столбови. Одиме чекор по чекор. Најпрво ни следува Украина, па Чешка. Немаме време да размиалуваме на долги патеки. Мораме да се мотивираме и да го имаме тој глад за победа", изјави селекторот, Лино Червар.

По средбата со Украина, нашите ракометари на 5 ноември и гостуваат на селекцијата на Чешка. Во нашата квалификациска група се наоѓа и репрезентацијата на Исланд.

Најново во Ракомет